Дамките исчезнаа е со The Miracle Laundry Oxi Отстранувач на дамки.
Овој практичен спреј за отстранување дамки пред-третман е одличен за употреба со бели и бои и е формулиран за неверојатно отстранување на дамки. Лесно и нежно делува на многу секојдневни дамки поради неговата природна формулација.
Секако, отстранувачот на дамки доаѓа со легендарниот мирис на The Pink Stuff.
Величина на производот: 500 ml
Упатство за употреба:
The Pink Stuff отстранувачот на дамки со ОКСИ формула е наменер за облеки и ткаенини. Испрскајте од двете страни на дамката, оставете да отстои не подолго од 5 минути па рачно или машински исперете, следејќи ги инструкциите на етикетата на ткаенината. Шарените алишта перете ги одвоено. Пред употреба, проверете ја свежината на бојата и ако се сомневате направете проба на мала површина.
Предупредување
ПРЕДИЗВИКУВА СЕРИОЗНО ОШТЕТУВАЊЕ НА ОЧИТЕ. ШТЕТЕН ЗА ВОДНИОТ СВЕТ СО ДОЛГОТРАЈНИ ЕФЕКТИ. ДА СЕ ЧУВА ПОДАЛЕКУ ОД ДОФАТ НА ДЕЦА. Содржи: натриум лаурет сулфат, водород пероксид. Внимателно прочитајте и следете го упатството. Темелно измијте ја контаминираната кожа. Не вдишувајте од средството. Носете заштитни ракавици/заштита за очи. ПРИ КОНТАКТ СО ОЧИ: внимателно исплакнете со вода неколку минути. Отстранете ги контактните леќи доколку носите. Продолжете со плакнење. Веднаш јавете се на токсикологија.
Внимание:
Да не се користи на алишта на кои пишува ДА НЕ СЕ ИЗБЕЛУВА или кои имаат некој сличен симбол. Не се користи за деликатни ткаенини, волна/ свила/ кожа/ тапацир или алишта наменети за суво перење. Не прскајте на метални алки или материјали со отпорност на пламен. Пред перење, не ги изложувајте на сонце алиштата третирани со спрејот за отстранување на дамки. Не го оставајте производот да отстои повеќе од 5 минути. Кислородната вода може да има привремен и спротивен ефект на кожата (пр. Избелување).
Складирање
Чувајте го исправен, на суво и ладно место, подалеку од директна изложеност на сонце и екстремни температури.
*Производот е достапен само во одредени продавници